Skip to main content

Светлосна година Содржина Дефиниции | Растојанија во светлосни години | Поврзано | Белешки | Наводи | Прегледникhttp://www.iau.org/public/themes/measuring/IAU Recommendations concerning UnitsIERS Conventions (2003)Voyager Mission Operations Status Report # 2011-02-04, Week Ending February 4, 2011Cosmic Distance Scales - The Nearest StarEncyclopedia of Astrobiology, Astronomy, and SpaceflightBBC News 19 December 2012 Tau Ceti's planets nearest around single, Sun-like star"Signals embedded in the radial velocity noise — Periodic variations in the τ Ceti velocities"2003ApJ...597L.121Eastro-ph/030622010.1086/380188у

Articles which use infobox templates with no data rowsЕдиници за должинаАстрономски мерни единициСветлина


мерна единицарастојаниеастрономијатабилионикилометриМеѓународниот астрономски сојузсветлината ќе го помине во вакуумјулијанска годинаѕвездигалактичкиастрометријатапарсекастрономска единицалачна секундапроизводгрегоријанска годинабрзината на светлинатаѕвездиспирален кракзбиено јатогалаксијагалактички јатаквазаритеСлоунскиот Голем Ѕид










(function()var node=document.getElementById("mw-dismissablenotice-anonplace");if(node)node.outerHTML="u003Cdiv class="mw-dismissable-notice"u003Eu003Cdiv class="mw-dismissable-notice-close"u003E[u003Ca tabindex="0" role="button"u003Eтргниu003C/au003E]u003C/divu003Eu003Cdiv class="mw-dismissable-notice-body"u003Eu003Cdiv id="localNotice" lang="mk" dir="ltr"u003Eu003Cpu003EСледете ја Википедија на македонски јазик на u003Cbu003Eu003Cspan class="plainlinks"u003Eu003Ca rel="nofollow" class="external text" href="https://www.facebook.com/mk.wikipedia"u003EFacebooku003C/au003E!u003C/spanu003Eu003C/bu003Enu003C/pu003Eu003C/divu003Eu003C/divu003Eu003C/divu003E";());




Светлосна година




Од Википедија — слободната енциклопедија






Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето


Светлосна година


Приказ на една светлосна година како поголемата сфера со центар во Сонцето (полупречникот со жолта стрелка) и светлосен месец (помала сфера) споредени со траекториите на големата комета од јануари 1910 г/ (жолта линија) и кометата Х Хјакутаке (портокалова линија).


Светлосна година или светлинска година (симб. сг, меѓун. ly) — мерна единица за растојание (оддалеченост) во астрономијата, еднаква на околу 10 билиони километри.[б 1] По дефиницијата на Меѓународниот астрономски сојуз (IAU), една светлосна година е растојанието што светлината ќе го помине во вакуум за една јулијанска година.[1]


Оваа единица најчесто се користи за изразување на оддалеченоста на ѕвезди и други објекти во галактички размер, особено во нестручната и популарнонаучна литература. Стручњаците од полето на астрометријата обично ја користат единицата парсек (симбол: пс или pc), која е приближно еднаква на 3,26 светлосни години и претставува растојанието на кое една астрономска единица зафаќа агол од една лачна секунда).[1]




Содржина





  • 1 Дефиниции


  • 2 Растојанија во светлосни години


  • 3 Поврзано


  • 4 Белешки


  • 5 Наводи




Дефиниции |


Почнувајќи од 1984 г. Меѓународниот астрономски сојуз ја дефинира светлосната година како производ од јулијанската година[б 2] (365,25 дена наспроти 365,2425 дена кај грегоријанска година) и брзината на светлината (299792458 м/с).[б 3] Оттука ги добиваме следниве претворања:




1 светлосна година
= 9460730472580800 метри (точно)
63241,077 астрономски единици
0,306601 парсеци


Растојанија во светлосни години |


Во светлосни години се изразуваат растојанијата помеѓу блиски ѕвезди, како оние во ист спирален крак или збиено јато. Оддалеченоста на објектите во различни делови од една галаксија изразуваат во илјади светлосни години (исг, или килосветлосни години (ксг). Растојанијата меѓу соседни галаксии и галактички јата се изразуваат во милиони светлосни години (мегасветлосни години, мсг). Растојанието до супергалактички структури како што се квазарите и Слоунскиот Голем Ѕид се изразуваат во милијарди светлосни години (гигасветлосни години, гсг).
























































Величински редови за должина
Размер (сг)
Вредност
Објект
10−9
40.4×109 ly
На одбиената сончева светлина од површината на Месечината ѝ требаат 1,2–1,3 секунди за да дојде до површината на Земјата (да пропатува околу 350000 - 400000 километри).
10−6
15.8×106 ly
Една астрономска единица (растојанието од Земјата до Сонцето). На светлината ѝ требаат 499 секунди (8,32 минути) за да го помине ова растојание.[3]

127×106 ly
Сондата „Хајгенс“ испраќа слики од Сатурновата месечина Титан на оддалеченост од 1,2 милијарди колометри од Земјата.
10−3
1.95×103 ly
Најодделечената сонда е „Војаџер 1“, која била на растојание од 17 светлосни часови од земјата на крајот од 2012 г. За да достигне една светлосна година (1.0×100 ly) ќе ѝ требаат уште 17500 години при сегашната брзина од 17 км/с (61200 км/ч) во однос на Сонцето.[4] Во 2013 г. „Војаџер 1“ влегол во меѓуѕвездената средина, со што станал првиот вештачки објект вон Сончевиот систем
100
1.6×100 ly

Ортовиот Облак има пречник од околу 2 светлосни години. Се претпоставува дека внатрешната граница почнува од 50000 ае, а надворешната од 100000 ае.

2.0×100 ly
Максималниот досег на гравитациската превласт на Сонцето (Хилова сфера/Рошова сфера, 125000 ае). Вон досегот почнува длабоката вонсончева гравитациска меѓуѕвездена средина.

4.22×100 ly
Најблиската позната ѕвезда (освен Сонцето), Проксима Кентаур, е оддалечена 4,22 светлосни години.[5][6]

8.60×100 ly

Сириус, најсјајната ѕвезда на нашето небо. Двапати помасивна и 25 пати посјајна од Сонцето. Свети посилно од други ѕвезди (кои се всушност посјајни) поради релативната близина.

11.90×100 ly

HD 10700 e — вонсончева планета на која може да има животт. Има маса 6 пати поголема од Земјата и се наоѓа во средината на подрачјето погодно за живот околу ѕвездата Тау Кит.[7][8]

20.5×100 ly

Глизе 581 — црвено џуџе со неколку воочливи вонсончеви планети.

310×100 ly

Канопус — втора најсјајна ѕвезда на нашето небо. Претставува суперџин од типот F, 15000 посјаен од Сонцето.
103
26×103 ly

Центарот на нашата галаксија, наречена Млечен Пат или Кумова Слама, е оддалечен околу 26 килосветлосни години.[9]

100×103 ly

Млечниот Пат има пречник од околу 100000 светлосни години.

165×103 ly

R136a1 во Големиот Магеланов Облак — најсјајната позната ѕвезда со сјајност 8,7 милиони пати поголема од Сончевата. Има привидна величина од 12,77, малку посјајна од 3C 273.
106
2.5×106 ly
Галаксијата Андромеда (Гумно) е оддалечена околу 2,5 мегасветлосни години.

3×106 ly
Галаксијата Триаголник (M33) е оддалечена околу 3 мегасветлосни години, и со тоа е најдалечниот објект видлив со голо око.

59×106 ly
Најблиското поголемо галактичко јато, Јатото во Девица, е оддалечено околу 59 мегасветлосни години.

150×106250×106 ly

Големиот Привлекувач (Голем Атрактор) е оддалечен некаде од 150 до 250 мегасветлосни години (второспоменатата проценка е најнова).
109
1.2×109 ly

Слоунскиот Голем Ѕид (не е истиот што и Големиот Ѕид (CfA2) и Големиот ѕид Херкул-Јужна Круна) е оддалечен околу една гигасветлосна година.

2.4×109 ly

3C 273 — оптички најсјајниот квазар, има привидна величина од 12.9, малку поблед од R136a1.

45.7×109 ly

Сопатното растојание од Земјата до работ на метагалаксијата (видливата вселена) изнесува околу 45,7 гигасветлосни години во секој правец; ова е нејзиниот сопатенполупречник. Ова е поголемо од староста на вселената што ја налага космичкото позадинско зрачење. Ова е можно поради ширењето на вселената, согласно Хабловиот закон.


Поврзано |


  • Брзина на светлината

  • Астрономски мерни единици


Белешки |




  1. Билионот тука се зема како 1012 (милион милиони) според долгата скала што се користи во Македонија. Во англојазичните земји, ова би било „трилион“.


  2. Една јулијанска година има точно 365,25 дена (или 31557600 секунди согласно дел определен со точно 86400 секунди според SI)[2]


  3. Брзината на светлината изнесува точно 299792458 м/с по дефиницијата на метарот.




Наводи |




  1. 1,01,1 International Astronomical Union, "Measuring the Universe: The IAU and Astronomical Units", http://www.iau.org/public/themes/measuring/, конс. November 10 2013  Check date values in: |accessdate= (помош); Missing or empty |title= (помош)


  2. IAU Recommendations concerning Units 


  3. "Chapter 1, Table 1-1", IERS Conventions (2003) 


  4. Voyager Mission Operations Status Report # 2011-02-04, Week Ending February 4, 2011 


  5. НАСА, Cosmic Distance Scales - The Nearest Star 


  6. "Proxima Centauri (Gliese 551)", Encyclopedia of Astrobiology, Astronomy, and Spaceflight 


  7. BBC News 19 December 2012 Tau Ceti's planets nearest around single, Sun-like star


  8. "Signals embedded in the radial velocity noise — Periodic variations in the τ Ceti velocities" M. Tuomi, H. R. A. Jones, J. S. Jenkins, C. G. Tinney, R. P. Butler, S. S. Vogt, J. R. Barnes, R. A. Wittenmyer, S. O’Toole, J. Horner, J. Bailey, B. D. Carter, D. J. Wright, G. S. Salter, and D. Pinfield of various of University of Hertfordshire, Centre for Astrophysics Research, Science and Technology Research Institute, College Lane, AL10 9AB, Hatfield, UK
    University of Turku, Tuorla Observatory, Department of Physics and Astronomy, V¨ais¨al¨antie 20, FI-21500, Piikki¨o, Finland
    Departamento de Astronomıa, Universidad de Chile, Camino del Observatorio 1515, Las Condes, Santiago, Chile; School of Physics, University of New South Wales, 2052, Sydney, Australia, Australian Centre for Astrobiology (ibid) Department of Terrestrial Magnetism, Carnegie Institution of Washington, Washington, DC 20015, USA; UCO Lick Observatory, Department of Astronomy and Astrophysics, University of California at Santa Cruz, Santa Cruz, CA 95064, December 14, 2012]



  9. Eisenhauer, F.; Schdel, R.; Genzel, R.; Ott, T.; Tecza, M.; Abuter, R.; Eckart, A.; Alexander, T. (2003), "A Geometric Determination of the Distance to the Galactic Center", The Astrophysical Journal 597 (2): L121, Bibcode:2003ApJ...597L.121E, arXiv:astro-ph/0306220, doi:10.1086/380188 







Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Светлосна_година&oldid=3631752“










Прегледник


























(window.RLQ=window.RLQ||[]).push(function()mw.config.set("wgPageParseReport":"limitreport":"cputime":"0.496","walltime":"0.600","ppvisitednodes":"value":10439,"limit":1000000,"ppgeneratednodes":"value":0,"limit":1500000,"postexpandincludesize":"value":86880,"limit":2097152,"templateargumentsize":"value":2001,"limit":2097152,"expansiondepth":"value":18,"limit":40,"expensivefunctioncount":"value":0,"limit":500,"unstrip-depth":"value":1,"limit":20,"unstrip-size":"value":11615,"limit":5000000,"entityaccesscount":"value":0,"limit":400,"timingprofile":["100.00% 507.252 1 -total"," 61.92% 314.078 23 Шаблон:Вред"," 42.45% 215.309 46 Шаблон:Val/delimitnum"," 16.00% 81.147 2 Шаблон:Наводи"," 11.54% 58.547 1 Шаблон:Инфокутија_Единица"," 9.70% 49.203 1 Шаблон:Infobox"," 8.55% 43.395 7 Шаблон:Наведување"," 7.33% 37.196 92 Шаблон:Valid"," 5.66% 28.733 21 Шаблон:Val/units"," 3.83% 19.441 92 Шаблон:Evalns"],"scribunto":"limitreport-timeusage":"value":"0.181","limit":"10.000","limitreport-memusage":"value":2529844,"limit":52428800,"cachereport":"origin":"mw1268","timestamp":"20190311075336","ttl":2592000,"transientcontent":false);mw.config.set("wgBackendResponseTime":167,"wgHostname":"mw1244"););

Popular posts from this blog

Styletc

Tórshavn Kliima | Partnerstääden | Luke uk diar | Nawigatsjuun62° 1′ N, 6° 46′ W62° 1′ 0″ N, 6° 46′ 0″ WWMOTórshavn