Skip to main content

Царство на Инките Содржина Знаме | Историја | Политичка организација | Демографија | Кујна | Наводи | Користена литература | Поврзано | Надворешни врски | ПрегледникуредиThe Inca Empire. Created by Katrina Namnama & Kathleen DeGuzmanThe Inca - All EmpiresMachu Picchu: Unveiling the Mystery of the IncasQuechuaOrigins and diversity of QuechuaQuinoa"Guaman Poma - El Primer Nueva Corónica Y Buen Gobierno"Освојување на Перу, 1847Земјата на ИнкитеАртефакти на ИнкитеууWorldCatsh850647264027023-3ge938744

Поранешни монархии во Јужна АмерикаЦарство на Инките


царствопретколумбовска АмерикаКускоПеруАндите13 век14381533Јужна АмерикаЕквадорЧилекечуанскиот јазикајмарскиот јазикКускохуакаИнкитеИнтибогови на ИнкитеСапа Инка16 век17 векФанциско Лопез де Херез1534Бернабе КобоКускоБоливијаПеруИнкитеКуско12 векМанко КапакКуско1438Сапа ИнкаПачакутиЧанкасиАпуримакиТупак ЈупанкиАндитеПеруЕквадорПачакутиСапа ИнкаЧинчасујуАнтисујуКонтисујуКоласујуМачу ПикчуТупак Инка Јупанки14631471ЧиморитеЕквадорКолумбијаХуајна КапакПеруБоливијаЧилеАргентинапустинаСапа ИнкаобразованиеКускопатен системкипуШпанцитереинкарнацијаИнтидеформација на черепипишан јазикусмена комуникацијакечуански јазиккипуКралството Кускопракечуански јазикпукина јазикот19 векајмарскиот јазикБоливијаПерукомпиририбаоревипченкакинојаламаалпакаморско прасечичацарството на Инките










(function()var node=document.getElementById("mw-dismissablenotice-anonplace");if(node)node.outerHTML="u003Cdiv class="mw-dismissable-notice"u003Eu003Cdiv class="mw-dismissable-notice-close"u003E[u003Ca tabindex="0" role="button"u003Eтргниu003C/au003E]u003C/divu003Eu003Cdiv class="mw-dismissable-notice-body"u003Eu003Cdiv id="localNotice" lang="mk" dir="ltr"u003Eu003Cpu003EСледете ја Википедија на македонски јазик на u003Cbu003Eu003Cspan class="plainlinks"u003Eu003Ca rel="nofollow" class="external text" href="https://www.facebook.com/mk.wikipedia"u003EFacebooku003C/au003E!u003C/spanu003Eu003C/bu003Enu003C/pu003Eu003C/divu003Eu003C/divu003Eu003C/divu003E";());




Царство на Инките




Од Википедија — слободната енциклопедија






Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето




















































Четирите обединети покраини
Tawantinsuyu
царство







1438 – 1533




Царството во својот најголем подем.


Главен град

Куско
(1438-1533)


Јазици

кечуански јазик (официјален), ајмарски јазик, пукина јазик и останати јазици.

Вероисповед

Инка религија

Уредување

монархија

Сапа Инка
 - 
1438-1471

Пачакути
 - 1471-1493

Тупак Инка Јупанки
 - 1493-1525

Хуајна Капак
 - 1525-1532

Хуаскар
 - 1532-1533

Атахуалпа

Историски период
пред-колумбиска
 - 
Пачакути го создал Тавантинсују
1438
 - 
Граѓанската војна помеѓу Хуаскар и Атахуалпа
1529-1532
 - 
Шпанска колонијзација предводена од Франциско Пизаро
1533

Површина
 - 1438[1]800.000 км²
 - 1527
2.000.000 км²

Население
 - 
1438[1]12.000.000 

     Густина
0 жит/км²
 - 
1527
20.000.000 

     Густина
10 жит/км²

Царство на Инките или Тавантинсују — најголемо царство во претколумбовска Америка[2]. Административниот, политичкиот и воениот центар на царството бил градот Куско во денешната држава Перу. Царството се издигнало од високите планински предели на Андите во 13 век. Од 1438 до 1533 година користеле различни методи за проширување на царството, од освојувања со мирни соединувања. Таа се протегала на западниот дел од Јужна Америка, од Еквадор до Чиле.


Официјален јазик во Тавантинсују бил кечуанскиот јазик, иако стотина локални јазици и кечуански дијалекти се зборувале исто така. Кечуанското име на државата е Тавантинсују или Tawantinsuyu што во превод значи „четирите региони“ или „четирите ибединети покраини“. Пред реформите на правописот на кечуанскиот и ајмарскиот јазик често државата се пишувало како Тахуантинсујо. Името е составено од: tawan - „четири“, -ntin што означува „група“ или „унија“ и suyu што значи „регион“ или „покраина“. Така, царството било поделено на четири покраини и секоја покраина се спојувала со главниот град Куско.


Во царството се чествувале и славеле голем број на свети предмети или хуака, но раководството на Инките го охрабрувало населението да го слави Инти - богот на сонцето, но и останатите богови на Инките.[3] Често Инките својот крал, Сапа Инка, го нарекувале „дете на сонцето“.




Содржина





  • 1 Знаме


  • 2 Историја

    • 2.1 Кралство Куско


    • 2.2 Реорганизација


    • 2.3 Проширување



  • 3 Политичка организација


  • 4 Демографија

    • 4.1 Население


    • 4.2 Религија


    • 4.3 Јазик



  • 5 Кујна


  • 6 Наводи


  • 7 Користена литература


  • 8 Поврзано


  • 9 Надворешни врски




Знаме |


Според хроники и историски записи од 16 век и 17 век се добива идеата за знаме на царството, и посебно ова знаме се поврзувало со Инките. Според Фанциско Лопез де Херез[4] во 1534 запишал дека „сите доаѓаат во групи, со нивното знаме и капетани кои им командувале“. Покрај него, Бернабе Кобо исто така го опишал знамето, неговата форма и карактеристики. Денес ова знаме е знаме на градот Куско, се вее во претседателската палата на Перу, било предлог знаме на Боливија и едно од најчесто користените знамиња во Боливија и Перу.



Историја |



Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Инките“.


Кралство Куско |



Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Кралство Куско“.


Кралство Куско.


Своите организираци цивилизациски односи Инките ги започнале како мала група во долината на градот Куско во 12 век. Под водство на Манко Капак, тие создале град-држава Куско. Во 1438 година, тие започнале со освојување на територии и територијално проширување на своето кралство, под директно раководство на Сапа Инка Пачакути, чие име во превод значи земјотресач. Името му го дале по освојувањето на племето Чанкаси, односно денешни Апуримаки. За време на неговото владеење, тој и неговиот син Тупак Јупанки голем дел од Андите го ставиле под свое раководство, односно денешни Перу и Еквадор.[5]



Реорганизација |




Подем на царството од 1438 до 1527.


Пачакути го организирал кралството и го претворил во голема царството со ново име - Тавантинсују. Царството имала федерален систем на политичка структура со централна власт на чело со Сапа Инка. Во политичката хиерархија во царството, второто место го заземале управителите на четирите покраини: Чинчасују на северозапад, Антисују на североисток, Контисују на југозапад и Коласују на југоисток. Исто така се верува дека Пачакути го изградил градот Мачу Пикчу, дали како семеен дом или како место за одмор, но сепак има и мислење дека овој град бил главен земјоделски центар во царството. [6]


Пачакути испраќал шпиони во регионите кои сакал да бидат под власт на Инките. Тие назад враќале извештаи за политичката организација на територијата, воената сила и богатство. Понатака, Пачакути испраќал пораки до лидерите на посакуваните територии со понуди и со ветувања за добар и луксузен живот. Поголем дел од понудите на Пачакути биле прифатени. После прифаќањето, кралските семејства на новите територии биле донесувани во Куско за обука за функционирањето на царството и повторно враќани во своите татковини за понатамошно управување со истите.



Проширување |


Традиционално за Инките било синовите на Сапа Инките да ја предводат армијата на царството. Синот на Пачакутек, Тупак Инка Јупанки, започнал поход за освојување на северните територии во 1463 година и продолжил да владее како Сапа Инка по смртта на неговиот татко во 1471 година. Негов најголем успех било освојувањето на кралството на Чиморите, единствениот сериозен противник и ривал на царството во тој регион. Тупак Јупанки успеал да ја прошири територијата на денешни Еквадор и јужните делови на Колумбија,


Синот на Тупак Јупанки, Хуајна Капак, успеал да освои уште неколку делови од денешни Еквадор и Перу. Во својот најголем подем, царството ги опфаќала териториите на денешни Перу, Боливија, големи делови од Еквадор и Чиле. Покасно со успечни походи кон југ успеале да освојат територии во Аргентина и Колумбија. Сепак, најголемиот дел од јужната покраина била пустина.



Политичка организација |




Четирите покраини .


Најмоќна фигура во царството бил царот или Сапа Инка што во превод значи „уникатен инка“. Сапа Инка можел да биде само оној што е директен наследник на монархот, така што синот на Сапа Инка прво бил водач на армијата, а по смртта на неговиот татко го заземал тронот. Голем број од младите благородници посетувале училиште и стекнувале образование.


Тавантинсују било федрално царство. Се состоело од централна власт или монархот Сапа Инка како прв во политичката хиерархија, додека како второ ниво во хиерархијата биле управителите на четирите покраини. Сите овие покраини се спојувале територијално со главниот град Куско. Царството имало развиен патен систем и одлично општествено функционирање.



Демографија |



Цивилизација на Инките


Општество
кечуански јазик
Сапа Инка
образование

религија
митологија

архитектура

патен систем
армија
земјоделство
кујна

Историја
Кралство Куско
Тавантинсују
шпанска колонизација







Население |



Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Инки“.

Денес нема заеднички став помеѓу историчарите за тоа колкав бил бројот на населението на Тавантинсују, каде има проценки од 4 милиони до 37 милиони луѓе. Причината за ваквата различна проценка е во начинот на читање на Инка белешките. Имено, Инките имале доста развиен систем на бележење на бројот на населението со помош на кипу, но денес не се знае да се прочитаат податоците како што треба. Записите кои укажувале на начинот на читање на кипу биле уништени од Шпанците.[7]



Религија |




Приказ на Инти.



Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Религија на Инките“.

Инките верувале во реинкарнација.[8] Во рамките на својата религија, тие почитувале голем број на богови, од кои најглавен бил Инти - богот на сонцето. Голем број на храмови биле градени во чест на истите, придружени со церемонијални жртвувања, но и со човечки жртви во чест на нивните богови. Карактеристично за Инките е што практикувале деформација на черепи. Ова е процес на издолжување на черепот на новороденчиња со помош на врзивање сè со цел да се разликуваат од останатите слоеви во општеството. Ова било практикувано помеѓу благородниците.[9]



Јазик |



Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Кечуански јазик“.

Царството имала недостаток од пишан јазик. Основната комуникација се одвивала преку усмена комуникација на кечуански јазик, кипу и цртежи на керамика. Според тоа, официјален јазик во царството бил кечуанскиот и бил наметнуван на сите народи во рамките на истата. Бидејќи царството било тло на поголем број јазици и култури, Инките морале да изнајдат начин за констрола на истата. Јазикот кој го официјализирале, всушност го прифатиле официјалниот јазик на Кралството Куско кој често се нарекувал и како пракечуански јазик[10][11]


Од историчарите кои се занимаваат со историјата на Инките се верува дека јазикот се нарекувал капак рунасими и дека Сапа Инките го знаеле и кечуанскиот и пукина јазикот. Сепак, пукина за прв пат е документиран во 19 век. Покрај кечуанскиот, Инките дозволувале да се користи и ајмарскиот јазик, постар староседелски јазик. Денес кечуанскиот јазик е официјален јазик во Боливија и Перу, додека ајмарскиот е официјален и најголем јазик (без шпанскиот) во Боливија.



Кујна |




Инките одгледувале околу 200 видови компири.



Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Андска кујна“.

Храната на Инките воглавно се состоела од житарици и компири, придружено со риба, ореви и пченка. Бидејќи житариците биле од исклучителна важност во нивната искрана, тие имале повеќе видови на растенија како киноја. Кинојата била важна прехрамбена суровина и често ја именувале како „мајка на сите житарици“[12]. Од месните производи, тие се хранеле со месо од лама и алпака, но и со месо од морско прасе. Покрај нив, Инките ловеле и останати животни за месо и крзно. Од пченката Инките правеле чича.



Наводи |




  1. The Inca Empire. Created by Katrina Namnama & Kathleen DeGuzman


  2. Terence D'Altroy, The Incas, pp. 2–3.


  3. The Inca - All Empires


  4. Francisco López de Jerez,Verdadera relacion de la conquista del Peru y provincia de Cuzco, llamada la Nueva Castilla, 1534.


  5. Demarest, Arthur Andrew; Conrad, Geoffrey W. (1984). Religion and empire: the dynamics of Aztec and Inca expansionism. Cambridge, UK: Cambridge University Press. стр. 57–59. ISBN 0-521-31896-3. 


  6. Weatherford, J. McIver (1988). Indian givers: how the Indians of the Americas transformed the world. New York: Fawcett Columbine. стр. 60–62. ISBN 0-449-90496-2. 


  7. McEwan, Gordon Francis (2006). The Incas: New Perspectives. W. W. Norton. стр. 93–96. ISBN 0-393-33301-9.  There is some debate about the size of the population.


  8. http://www.netside.net/~manomed/inca.htm


  9. Burger, R.L. and L.C. Salazar. 2004. Machu Picchu: Unveiling the Mystery of the Incas. Yale University Press, p. 45. ISBN 0-300-09763-8.


  10. Quechua


  11. Origins and diversity of Quechua


  12. Quinoa




Користена литература |


  • De la Vega, Garcilaso. The Incas: The Royal Commentaries of the Inca. New York: The Orion Press, 1961.

  • John Hemming. The Conquest of the Incas Harvest Press 2003. ISBN 978-0-15-602826-4.

  • MacQuarrie, Kim. The Last Days of the Incas. Simon & Schuster, 2007. ISBN 978-0-7432-6049-7.


  • Mann, Charles. C (2005). 1491: New Revelations of the Americas Before Columbus. Knopf. стр. 64–105. 

  • Morales, Edmundo (1995). The Guinea Pig: Healing, Food, and Ritual in the Andes, University of Arizona Press. ISBN 0-8165-1558-1.

  • Popenoe, Hugh, Steven R. King, Jorge Leon, Luis Sumar Kalinowski, and Noel D. Vietmeyer. Lost Crops of the Incas. Washington DC: National Academy Press, 1989.


Поврзано |



  • Кралство Куско

  • Инки

  • Сапа Инка

  • Кечуански јазик

  • Ајмарски јазик


Надворешни врски |


  • "Guaman Poma - El Primer Nueva Corónica Y Buen Gobierno"

  • Освојување на Перу, 1847

  • Земјата на Инките

  • Артефакти на Инките


























































Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Царство_на_Инките&oldid=3768499“










Прегледник



























(window.RLQ=window.RLQ||[]).push(function()mw.config.set("wgPageParseReport":"limitreport":"cputime":"0.404","walltime":"0.564","ppvisitednodes":"value":4193,"limit":1000000,"ppgeneratednodes":"value":0,"limit":1500000,"postexpandincludesize":"value":64965,"limit":2097152,"templateargumentsize":"value":11618,"limit":2097152,"expansiondepth":"value":12,"limit":40,"expensivefunctioncount":"value":2,"limit":500,"unstrip-depth":"value":0,"limit":20,"unstrip-size":"value":7768,"limit":5000000,"entityaccesscount":"value":1,"limit":400,"timingprofile":["100.00% 425.352 1 -total"," 34.21% 145.502 1 Шаблон:Infobox_Former_Country"," 20.58% 87.543 1 Шаблон:Наводи"," 14.26% 60.655 4 Шаблон:Цитирана_книга"," 12.57% 53.467 1 Шаблон:Шпанско_освојување_на_Инките"," 11.55% 49.118 1 Шаблон:Campaign"," 10.68% 45.448 1 Шаблон:Military_navigation"," 10.18% 43.284 4 Шаблон:Наведување/core"," 10.00% 42.544 1 Шаблон:Нормативна_контрола"," 9.30% 39.549 1 Шаблон:Navbox"],"scribunto":"limitreport-timeusage":"value":"0.050","limit":"10.000","limitreport-memusage":"value":1906789,"limit":52428800,"cachereport":"origin":"mw1322","timestamp":"20190403152508","ttl":2592000,"transientcontent":false);mw.config.set("wgBackendResponseTime":162,"wgHostname":"mw1270"););

Popular posts from this blog

Styletc

Tórshavn Kliima | Partnerstääden | Luke uk diar | Nawigatsjuun62° 1′ N, 6° 46′ W62° 1′ 0″ N, 6° 46′ 0″ WWMOTórshavn